Email Facebook Twitter LinkedIn
×ECR Party
The Conservative
ECR Party
TheConservative.onlineTwitterFacebookInstagramYouTubeEmailECR Party’s multilingual hub for Centre-Right ideas and commentary
MacedonianMacedonianEnglishBulgarianCroatianCzechItalianPolishRomanianSpanishSwedish
The Conservative
Новости и коментари   |    TV   |    Print   |    Колумнисти

Енергетска политика

Европа треба да ја прифати технолошката неутралност во својата енергетска политика

Pixabay

Европската Унија има долгорочна обврска до 2050 година да го урамнотежи нивото на јаглерод диоксид. За да се постигне таа цел беа донесени неколку предлози и стратегии...

            Европската Унија има долгорочна обврска до 2050 година да го урамнотежи нивото на јаглерод диоксид. За да се постигне таа цел беа донесени неколку предлози и стратегии. По измената на Директивата за обновлива енергија (RED), на ЕУ ѝ се потребни најмалку 32% од вкупната енергија која би требало да се создаде од обновливите изворите на енергија до 2030 година.

            Европскиот зелен договор оди уште подалеку и цели кон од Европа да направи прв континент кој ќе има контрола врз нивото на јаглерод диоксид до крајот на првата половина од овој век. Иако е ова благородна цел за справување со климатските промени, ЕУ мора да биде сигурна во тоа дека политиките кои се стремат да ги постигнат овие цели се технолошки непристрасни, односно не им даваат однапред предност на одредени технологии. Сите сектори за производување енергија денеска доживуваат огромни иновации, а доколку вниманието се насочува само кон одбраните обновливи енергии би можеле да ја пропуштиме можноста и некој поединец од приватниот секотор да го пронајде волшебното стапче против емисијата на јаглерод во атмосферата.

            Според Европската комисија обновливата енергија се дефинира како енергија која се прозиведува со користење природни ресурси. Тие се водата, светлината, ветерот, топлината и биомасата и таквата енергија се издвојува како чиста енергија во споредба со фосилните горива како што се гас, нафта, различни видови јаглен или нуклеарна енергија која се добива од ураниум.

            Субвенции од големи размери, казнени даноци и големи интервенции на пазарот беа неопходни за да се отпочне со европската амбиција да се направи Европа позелена преку зголемување на застапеноста на таканаречената чиста енергија.

            Во моментот, околу една петина од енергијата која е произведена во ЕУ доаѓа од обновливи извори. Водечките земји-членки во оваа област се исто така и едни од најбогатоте нации во блокот. Германскиот економист Јустус Хаукап проценува дека префрлувањето на оваа енергија едно германско семејство ќе го чини околу 25 000 евра, што е речиси еднакво на вкупната нето заштеда на германските домаќинства. Трошок кој е едвај поднослив за една од најбогатите економии во светот, би бил уште поштетен за посиромашните делови од Европа.

            Попријателски потрошувачки пристап кон потрошувачите и во исто време попријателски климатски пристап кон иднината на енергетиката на ЕУ треба да се заснова врз колку што е можно повеќе технологии и да се наметнува непристрасноста во изборот на технологија ширум блокот. Нуклеарната енергија стана цврст и сигурен извор за многу економии, а суштински исто така и извор кој не произведува јаглерод диоксид. Така, со речиси три четвртини енергија која е произведена во нуклеарните централи, Франција е една од водечките нации кога станува збор за чиста енергија. Белгија, Унгарија, Словачка и Бугарија се на листата после Франција како земји кои нудат крајно потрошувачки прифатлива и чиста енергија. Едно исражување покажува дека произведување еден мегават/час енергија со помош на крајбрежниот ветер чини околу три пати повеќе како и истата енергија произведена во нуклеарните централи во Франција. Во Обединетото Кралство, кое е лидер по бројот крајбрежни ветерници, сѐ уште таквата енергија чини два пати повеќе од мегават/час произведен во нуклеарна централа.

            Критичарите на нуклеарната енергија би кажале дека таа не е чиста форма на производство на енергија поради високото ниво зрачење кое доаѓа од ископувањето ураниум и зрачење од нуклеарните централи при изградбата и затворањето на нуклеарните реактори. Но истражувањето кое го објави „Нејчр енерџи“ (Nature Energy) укажува на тоа дека залихите од јаглерод диоксид кои ги создаваат нуклеарната и соларната енергија во текот на животниот циклус едвај се разликува за само еден процент.

            Покрај нуклеарната, има уште технологии кои Европа не би требало да избегнува поубаво да ги разгледа. На пример, течниот природен гас би овозможил создавање глобален пазар за гас и би ја намалил зависноста од увезување гас од апсолутистички земји како што е Русија.   

            Изминатиот период во кој фокусот беше врз биогоривата доведе до негативни несакани последици како што се зголемување на цените на храната и повеќе земја која е претворена во земјоделско земјиште. Ова е уште еден пример на опасност од тоа надлежните премногу да се сосредоточат само на една технологија наместо да создадат ругалативни патишта за иновации кои нема да ѝ даваат предност ниту на една технологија. Доколку Европа сака навистина да биде прва кон победата во борбата со климатските промени, ние мораме да станеме сила и во енергетските иновации. А иновации може да имаме само доколку им дозволиме на иноваторите и претприемачите да испробуваат различни начини при постигнување иста цел.

Превод на македонски јазик: Ана Новаковиќ

Поврзано

conservatism and freedom

Conservatorii. Fără conservanţi. (partea a II-a)

Valentin Licxandru 19.06.2021.

conservatism and freedom

Conservatorii. Fără conservanţi. (partea I)

Valentin Licxandru 19.06.2021.

Ромска заедница во Македонија

Интеграцијата на Ромите во пазарот на трудот

Стјепан Покупец 19.06.2021.

Česká politika

Desatero pro budoucnost česko-ruských vztahů

Jaroslav Kurfürst 18.06.2021.

conservatism and freedom

Conservatorii. Fără conservanţi. (partea a II-a)

Valentin Licxandru 19.06.2021.

conservatism and freedom

Conservatorii. Fără conservanţi. (partea I)

Valentin Licxandru 19.06.2021.

Ромска заедница во Македонија

Интеграцијата на Ромите во пазарот на трудот

Стјепан Покупец 19.06.2021.

Česká politika

Desatero pro budoucnost česko-ruských vztahů

Jaroslav Kurfürst 18.06.2021.

conservatism and freedom

Conservatorii. Fără conservanţi. (partea a II-a)

Valentin Licxandru 19.06.2021.

conservatism and freedom

Conservatorii. Fără conservanţi. (partea I)

Valentin Licxandru 19.06.2021.

Ромска заедница во Македонија

Интеграцијата на Ромите во пазарот на трудот

Стјепан Покупец 19.06.2021.

Česká politika

Desatero pro budoucnost česko-ruských vztahů

Jaroslav Kurfürst 18.06.2021.

conservatism and freedom

Conservatorii. Fără conservanţi. (partea a II-a)

Valentin Licxandru 19.06.2021.

conservatism and freedom

Conservatorii. Fără conservanţi. (partea I)

Valentin Licxandru 19.06.2021.

Ромска заедница во Македонија

Интеграцијата на Ромите во пазарот на трудот

Стјепан Покупец 19.06.2021.

Česká politika

Desatero pro budoucnost česko-ruských vztahů

Jaroslav Kurfürst 18.06.2021.