Email Facebook Twitter LinkedIn
×ECR Party
The Conservative
ECR Party
TheConservative.onlineTwitterFacebookInstagramYouTubeEmailECR Party’s multilingual hub for Centre-Right ideas and commentary
MacedonianMacedonianEnglishBulgarianCroatianCzechItalianPolishRomanianSpanishSwedish
The Conservative
Новости и коментари   |    TV   |    Print   |    Колумнисти

Иван Шустиќ

Локални избори во Хрватска 2021 година

            Иван Шустиќ до неодамна беше помошник на Ружа Томашиќ која е во пензија од јули месец, а која беше три пати избирана за позицијата член на Европскиот парламент од Хрватска. Шустиќ има завршено мастер студии од областа на правото на Правниот факултет во Сплит. За време на локалните избори во својот роден град Трогир, се кандидирал за градоначелник како кандидат на независна граѓанска платформа, а не како кандидат од политичка партија. Оваа изборна платформа се нарекува „Заедно за Трогир“ и се натпреваруваше на изборите со уште две големи хрватски политички партии: Социјалдемократската партија на Хрватска и Хрватската демократска заедница.

            Господине Шустиќ какви се Вашите први впечатоци од кандидатурата за градоначелник на Трогир за време на локалните избори во 2021 година?

            Тоа за мене претставуваше прв сериозен чекор во политичките води. Почнав да размислувам за кандидатурата уште во летото 2020 година (изборите беа во мај 2021), а колгите службено ме предложија и едногласно гласаа за мене како кандидат на нашата Платформа „Заедно за Трогир“ во месец јануари. За една млада личност, што со своите 25 години сигурно тоа и сум, тоа беше сериозен предизвик. Меѓутоа, за сѐ се подготвував со месеци претходно на најдобар можен начин, бидеќи воедно и знаев дека ме чекаат многу обврски, секојдневни состаноци и потполна посветеност на кампањата. Со оглед на тоа што политиката и политичките кампањи навистина ме интересираат и бидејќи ги следам изборите и актуелните случувања во многу други држави, сега ете имав прилика да видам како изгледа една кампања и од перспектива на кандидатот, барем во една оваква мала средина како што е Трогир.

            Со оглед на тоа што „Заедно за Трогир“ е независна изборна платформа, дали мислите дека граѓаните на Трогир ја прифатија таквата иницијатива којашто не е дел од политичка партија, особено не дел од одамна формирана политичка партија во државата?

            Најпрво би се осврнал накратко на самата независна изборна платформа „Заедно за Трогир“. Зошто воопшто името „платформа“? Имено, првичниот план беше на една независна листа да се соберат локални припадници од неколку десно ориентирани политички партии, како и многу независни поединци, а воглавно тоа да бидат млади луѓе. Сепак, во таа намера само делумно успеавме, па така покрај независни поедници вклучени во Платформата, од различни причини на крајот ја имавме само полтичката партија Хрватски суверенисти. Всушност, самата таа партија делува како своевидна платформа која ја обединува партијата Храст и Хрватската конзервативна партија чијшто претставник во Европскиот парламент сѐ до неодамнешното заминување во пензија беше Ружа Томашиќ, а чијшто вработен бев јас.

            Што мислите за конечните резултати од локалните избори во 2021 година во врска со Вашиот град, но и ширум Хрватска?

            Кога станува збор за прифаќањето на идејата за една таква независна листа меѓу граѓаните мислам дека доволно говори фактот што и покрај нашата изразена младост успеваме да бидеме трети од вкупно осум листи кои се натпреваруваа за места во Градскиот совет. Во врска со Вашето прашање колку граѓаните ја препознаа идејата за независна листа и покрај постоењето на веќе одмана формираните и утврдени политички партии, а во Хрватска тоа се Хрватската демократска заедница и Социјалдемократката партија на Хрватска, сепак е јасно дека тие две партии во најголем дел останаа предводници на сите случувања на хрватската политичка сцена. Сепак, неоспорливо е тоа дека нивното влијание полека се намалува. Но, морам да признаам дека и покрај тоа што имавме остварено еден добар резултат за време на нашето прво појавување на изборите, нашите очекувања пред изборите беа навистина многу поголеми.

            Што е она што би го истакнале како главна особеност која ве правеше поразлични и која беше причина да станете подобар избор за граѓаните на Трогир кои гласаа за вас во споредба со другите политички партии кои исто така се кандидираа за време на тие избори?

            Овојпат во Трогир се случи малку нетипична ситуација во која покрај дури осум листи за Градскиот совет се најдоа само три кандидата за градоначелник. Јас бев кандидатот кој освои 776 гласови, а што изнесуваше околку 12% од вкупниот број, додека победникот на изборите Анте Билиќ од Социјалдемократската партија оствари резултат од рекордни 4 165 гласови, односно преку 63%. Освен тоа што сум млад, мојата „несреќа“ во целата приказна беше и фактот што повторно избраниот градоначелник Анте Билиќ од редовите на Социјалдемократската партија во претходниот мандат многу подобро работеше од своите претходници, од коишто голем дел завршија со пресуди за казнени дела. Исто така, многу од парите (за жал градските пари) во последните четири години ги потроши на својот ПР, а тимот кој му ги организира односите со јавноста навистина одлично си ја врши работата. Во изминатиот мандат опозиција речиси и не постоеше, па така мислам дека сѐ наведено заедно резултираше со донекаде неочекувана лесна победа на актуелниот градоначелник. Морам да признаам дека јас лично не сум воодушевен со начинот на којшто функционита градската политика и преку својот дел за време на мандатот во Градскиот совет ќе укажувам на она за кое сметам дека е потребно да се промени, а тоа пред сѐ се клиентилизмот во градските структури и функционирањето на локалната политика.

            Кога станува збор за Градскиот совет, Социјалдемократската партија со своите коалициони партнери освои девет од вкупно петнаесет места, Хрватската демократска заедница освои три, нашата независна листа освои едно место (515 гласови или 8%), незавсиниот кандидат Горан Питеша исто така едно (но тој накнадно им се придружи на мнозинството кои на тој начин добија десет од вкупно петнаесет советници) и Мост освои едно место. Иако очекувавме дека ќе бидеме трета по ред листа, сепак верувавме дека ќе освоиме најмалку два мандати. Но, и покрај разочарувањето на почеток сфативме дека станува збор за еден навистина добар резултат кој ни служи како одлична и квалитетна основа за понатамошен развој на нашата приказна

            Од друга страна пак, кога станува збор за изборите на државно ниво, се приметува пораст на независните листи и избирање на нови помлади лица без оглед на тоа од која партија доаѓаат, а истите во многу средини на избори ги поразија долгогодишните градоначелници и жупани. Кога ќе се земе предвид сето тоа имаме верба дека ќе дојде и нашето време во Трогир, а нам ни преостанува да ја заслужиме довербата на граѓаните преку својата работа.

            Вашата платформа „Заедно за Трогир“ е воглавно формирана од млади и амбициозни луѓе, коишто сакаат да ги променат работите на подобро во Вашиот град, па од Ваше лично искуство, дали мислите дека повеќе млади луѓе би требало да станат дел од политиката на Балканот? Дали прво би требало да се ангажираат на локално ниво, како што направивте и Вие?

            Иако на локално ниво припадноста во некоја партија не е толку значителна колку што е на пример важна на парламентарните избори, сигурно причината на дел од гласачите да ми ја дадат својата доверба беше и нивната скептичност кон двете најголеми партии. Иако, во претходното прашање одговорив дека многумина мојата младост ја смеатаа како недостаток, одреден број гласачи всушност гласаа за мене токму поради мојата младост, свесни за тоа што и самиот го кажував – младоста отсекогаш била носител на промени. Секако, поголемиот дел од моите гласачи и беа помладите генерации, а целта ни е до следните избори да допреме и до нашите граѓани од сите старосни групи. За време на кампањата често ја истакнував потребата да се пресметаме со клиентелизмот во политиката, наведував примери од трогирската локална политика и нагласував дека конечно дојде време да разбереме дека најголемиот инетерес на поединецот е всушност интересот на целата заедница и дека тоа ќе го сфатиме дури кога навистина ќе тргнеме понатаму. Позади овие тврдења и понатаму цврсто стоиме!

            Хрватска и Македонија се две историски меѓусебно поврзани земји и двата народа меѓусебно се почитуваат. Дали сметате дека постојат доволно идејни движења помеѓу нашите луѓе, особено меѓу младите? Дали постои можност за подобрување и доколку постои, како тоа може да се постигне?

            Да и да. Како што веќе реков, младите луѓе се тие кои честопати биле двигатели на  потребните општествени промени. А промените кај нас во Хрватска, како и кај вас во Македонија се и повеќе од потребни. Секако, не е доволно само да се биде млад, потребно е да се поседуваат одредени човечки и професионални квалитети, како и високи морални принципи, да се биде истраен и да не се откажуваш. Нема да се лажеме па да велиме дека сите млади луѓе се наоѓаат во политиката поради благородни причини и не го гледаат и сопствениот интерес, но јас би кажал дека во политиката всушност најголемиот дел чесни луѓе се младите. Некој ќе каже дека тоа е затоа што младите немале време и прилика да се расипат, но еве и ние во нашата приказна најголемиот интерес за општото добро во нашата средина го пронајдовме баш меѓу младите генерации. Сметам дека тоа е така затоа што сме свесни дека овака не можеме уште долго да функционираме и дека никој нема наместо нас да се избори за промени. Кога ќе дојдете до период во кој го завршувате факултетот (или некое друго образование) и кога почнувате со формирање свое семејство, сфаќате уште колку многу му е потребно на ова општество и почнувате да го забележувате и големото влијание на политиката врз вашиот секојдневен живот.

            Што се однесува на самите почетоци на политичкото делување, секако сметам дека е најмудро да се започне со делување на локално ниво, меѓу луѓето кои те познаваат и во средина чиишто проблеми најдобро ти ги познаваш. Кој тука ќе успее да се покаже и докаже, секако дека ќе биде посакувано потоа да продолжи чекор понатаму. Мене ми претставува големо и исклучително задоволство тоа што во нашата локална приказна вклучивме многу млади луѓе и ги заинтересиравме за политичко делување. На тоа ќе работиме и понатаму.

            Делумно на ова одговорив и во претходното прашање. Ние не толку одамна бевме дел од иста држава и иако не делевме иста судбина, тој период остави големо влијание врз нас. Мислам дека потребата за промени доаѓа токму од поранешниот систем чијшто дел беа и двете земји; систем во кој постоеше ниска свест за важноста на индивидуата и систем на општествено сопствеништво, но никаква лична одговорност. Демек преминавме во капитализам, но во добар дел остана менталитетот од претходниот социјалистички период на којшто дури нашите млади генерации почнаа да не му се потчинуваат. Токму поради тоа сметам дека со нови луѓе ќе дојде и нов менталитет кој конечно ќе ги донесе и потребните промени во нашите земји.

            Што се однесува на заемната соработка, секако дека би било пожелно да се поврземе, да разменуваме искуства, да учиме едни од други и да ги пресликуваме сите позитивни примери. За тоа понекогаш е потребна само малку добра волја и поединец или пак повеќемина кои сакаат тоа да го поттикнат. Иако живееме во време кога е потешко да се патува, од друга страна пак комуникацијата никогаш не била полесна. Мислам дека ова интервју е токму еден од примерите како да ја подобриме нашата соработка и се надевам дека така и ќе продолжиме.

Поврзано