Email Facebook Twitter LinkedIn
×ECR Party
The Conservative
ECR Party
TheConservative.onlineTwitterFacebookInstagramYouTubeEmailECR Party’s multilingual hub for Centre-Right ideas and commentary
MacedonianMacedonianEnglishBulgarianCroatianCzechItalianPolishRomanianSpanishSwedish
The Conservative
Новости и коментари   |    TV   |    Print   |    Колумнисти

Буџет на Европска Унија

Ова закрепнување е на штета на потрошувачите

Unsplash Creative 0.0: Photo by Didier Weemaels

Пакетот мерки за поттикнување на економијата на ЕУ не е најдобриот избор...

На 21 јули 2020 година, 27 земји-членки на Европската унија се согласија во врска со „историскиот“ план за стимул на економијата. Вкупно 750 милијарди евра ќе бидат „вбризгани“ во европската економија. За првпат во историјата на Европската унија, земјите-членки се согласија колективно да позајмат сума во износ од 390 милијарди евра. Позајмени на пазарите на обврзници оваа сума, без никакви услови, ќе им се исплаќа на државите кои се најпогодени од кризата.

Иако Ангела Меркел во јуни 2012 година изјави дека нема да се согласи со издавање еврообврзници, Ковид-19 придонесе да се забрза спроведувањето на политичката волја сепак да се издаваат.

Европскиот комесар за внатрешен пазар Тијери Бретон со твит го поздрави тоа дека со европскиот план за закрепнување во ниту еден случај нема да се создадат нови даноци кои би ги плаќале европските граѓани пред да истакне и: „само на границите на нашиот внатрешен пазар ќе воведеме даноци“! Како европските потрошувачи да немаше да ја почувствуваат намалената куповна моќ во износот на тие даноци.

Единствениот данок кој досега е официјално воведен е данокот за нерециклирана пластика. Применлив од 1 јануари 2021 година, овој данок ќе биде во вид државни придонеси. Иако земјите-членки имаат задача да ги дадат овие придонеси за Европа, придонесите можат да доаѓаат и од повеќе различни извори, како на пример придонесите од учесниците на пазарот. Во таков случај поторшувачите ќе ги сносат последиците од направените трошоци. Исто така, постои  ризик и од намалување на бројот на можностите за инвестиции и иновации во рамките на засегнатите индустрии.

Другите разгледувани опции за финансирање се тие во врска со „GAFA“ данокот – но за него сè уште се дискутира – и данокот на емисија на јаглерод диоксид, за кој се предвидува дека ќе стапи на сила најдоцна до јануари 2023 година. Претседателот Емануел Макрон за француската телевизија изјави дека овие нови даноци, покрај тоа што се дел од планот за закрепнување, ќе ги казнат „големите компании и меѓународните учесници на пазарот кои не ја играат нашата политичка игра“. Ова е многу наивно разбирање на работата на пазарната економија. Во реалноста, не е важно дали данокот му е наметнат на потрошувачот или на производителот, бидејќи финансискиот резултат останува ист: трошоците се поголеми за потрошувачите, а профитите пониски за производителот.

Иако пакетите мерки за поттикнување на економјата се во преден план, со нив никогаш не е загарантиран повраток на инвестираните средства. Историски гледано, ефектите од пакетите мерки за поттикнување на економијата честопати биле разочарувачки.

Алберто Алесина, економист при Харвард, својата кариера ја заврши со анализирање илјадници буџетски прилагодувања во стотици земји. Во 2010 година, кога акцентот беше на дебатата во врска со Супрајмската хипотекарна криза, експертот за буџетски политики во даден коментар за Волстрит журнал ги изнесе своите ставови за тоа дека економскиот стимул врз основа на зголемена јавна потрошувачка се покажа како позитивен. И навистина, додека потрошувачите повеќе учествуваат на пазарот поради долготрајниот и веродостојниот пад на нивото оданочувања, зголемувањето на јавната потрошувачка испраќа спротивен сигнал.

Уште една предност која може да му се припише на шокот од либерализација е тоа што овој метод овозможува моќта да се прераспредели меѓу потрошувачите наместо да се концентрира во неколку јавни администрации што ќе носат одлуки за другите.

Затоа можно е да се оживее економијата и без да се наметне дополнителен даночен товар врз потрошувачите. Тоа дури би им овозможило на „лошите студенти“ од еврозоната да ги средат своите јавни финансии – кризата покажа дека земјите кои се веќе многу задолжени всушност се најранливи на неочекувани надворешни шокови.

За жал, изгледа дека Европската унија се движи во спротивна насока: кон сè поголемо слабеење на најранливите економии. Колку долго може да трае таквата спогодба?

Поврзано

Кога ја говориш вистината

Вистината против неразумното владино трошење

Тони Бачваровски 04.09.2021.

Кога ја говориш вистината

Вистината против неразумното владино трошење

Тони Бачваровски 04.09.2021.